Германски почеток и супер финиш со четири големи дерби пресметки има во 19. коло на Спортска прогоза, а со свои прогнози можете да се приклучите денеска до 15.30 часот.
Се игра за супер награда „ајфон 11“, типувањето на Спортска прогноза веќе трета сезона е бесплатно,а забавно е да се следат натпреварите и да се очекуваат убави подароци од Sport Life.
Колото на популарната Тринесетка ќе заврши за прогнозирање во 15.30 часот, кога ќе почнат двата дуели од Бундеслигата меѓу Вердер и Аугсбург и Келн и Херта.
По едно коло пауза на мени повторно се и Англичаните, а ќе можете да го прогнозирате дуелот меѓу Блекбурн и Стоук во Чемпионшип со почеток од 16 часот.
Лестер и Саутемптон играат вечерва од 21 часот, а пред нив ќе има уште една интересна пресметка во Германија меѓу одличните тимови на Штутгарт и Борусија Менхегладбах, меч што че почне во 18.30 часот.
Недела е ден за дерби натпревари, а супер најава за финишот на 19. коло на Спортска прогноза е мечот меѓу Ајакс и Феенорд, што е најголемо дерби во Холандија.
Ќе биде жешко и во Турција од 17 часот, а има дуел што не се пропушта, меѓу Бешикташ и Галатасарај, за потоа колото на популарната Тринаесетка да заврши со два мега дерби дуели.
На „Енфилд роуд“ Ливерпул ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед од 17.30 часот, во дербито на двете најтрофејни екипи и моментно двата најдобрпласирани клубови во Премиерлигата.
Ривалитетот е голем, Црвените Ѓаволи со 20 титули се за еден чекор пред Ливерпул, имаат и предност од три бода како лидери на табелата, што е најава за одличен меч.
За крај и можеби и за атак на „ајфонот“ со нетрпение ќе се чека „Дербито на Италија“ меѓу Интер и Јувентус.
Нов фудбалски шлагер, дерби меч што е најважен на Чизмата и сега со оглед на позицијата на табелата на двата клуба и исклучително важен, можеби и клучен за амбициите да се освои Скудетото.
Мечот ќе се игра утре на „Џузепе Меаца“ од 20.45 часот и можеби точна прогноза на италијанското дерби ќе донесе и награда „ајфон 11“ за точно погодени 13 натпревари во 19. коло на Спортска прогноза.