Штутгарт е во голема криза и не помогна ниту отказот за тренерот Пелегрино Матарацо, кој си замина пред две кола, па денеска петкратниот првак прими пет гола од Борусија Дортмунд и му даде рок на Михаел Вимер да си замине за четири кола.
Вимер е привремен тренер на петкратниот германски првак и досега не се знаеше колку ќе остане на клупата на Штутгарт.
Денеска по дебаклот и поразот од 5:0 во Дортмунд веќе е јасно дека ќе кормилари до паузата, односно до стартот на Мундијалот во Катар.
https://twitter.com/VfB/status/1583855023045296129?s=20&t=ugn0e5MJ3JaQJ2aayczneQ
Штутгарт е во огромна криза, има само една победа на 11 меча во Бундеслигата и таа им е со Вимер на клупата, а опасно изгледа 16-та позиција на табелата што води во бараж за опстанок.
До ова лето член на популарните Шваби беше Дарко Чурлинов, но по позајмицата во Шалке 04, кусо се врати ви Штутгарт и потоа му беше продаден на англиски Барнли.