Германски спектакл во најава – Имаат фанатични навивачи, а само еден тим ќе игра во Цвајта

Двата германски фудбалски гиганти со фантастични навивачи, Кајзерслаутерн и Динамо Дрезден вечерва од 20.30 часот ќе го почнат двомечот за последниот билет во Втората германска лига.

Пресметката ќе почне на легендарнито стадион „Фриц Валтер“, кој е дом на Кајзерслаутерн, а тука се славеа четири шампионски круни во Германија.

Популарните Црвени ѓаволи се деветтата најтрофејна екипа, а имаат страшно верни навивачи, кои неколкупати со брилијантни акции го спасуваа гигантот од пропаст.

Во еден од обидите сами собраа околу 11 милиони евра за да му г продолжат животот на својот фудбалски миленик, а нивната верност се граничи со фанатизам.

И вечерва се очекува да приредат спектакл на стадионот што има капацитет од 50 илјади гледачи.

Слична е прикзаната и на Динамо Дрезден, кога се во прашање успесите, подемите и падовите и верноста на навивачите.

На почетокот на овој милениум купија дури 72 илјади билети за мечот со Дармштад, иако не можеа поради казна да присуствуваат на мечот.

Спектакуларниот потег го репризираа неколкупати, а иако ги сметаат за траблмејкери, постојано ја покажуваат фанатичната верност кон некогашниот источногермански гигант.

Динамо Дрезден со 8 титули е втората најтрофејна екипа во поранешна Источна Германија, а исто како и Кајзерслаутерн имаа многу проблеми со опстанокот на клубот во последните две децении.

Реваншот ќе се игра на „Рудолф Харбиг“ стадионот во Дрезден на 24. мај, а и таму се очекува вистински спектакл пред полни трибини со капацитет од над 32 илјади гледачи.

Тимот што ќе биде поуспешен во двомечот од следната сезона ќе игра во популарната германска Цвајта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести