19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Германски спонзор ќе вложи милион евра во ФК Тиквеш

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш ќе добие нов спонзор, и тоа германска компанија, која до крајот на овој месец планира да инвестира еден милион евра во клубот од Кавадарци.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на последната седница на Советот изјави дека германски инвеститор ќе му помогне на Тиквеш, а за возврат ќе добие 50% од акциите.

Останатите 50% од акциите ќе останат во сопственост на Општина Кавадарци, која и понатаму ќе има контрола врз случувањата во клубот.

Тиквеш во моментов се наоѓа на десеттото место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со 18 бода и до крајот на сезоната го очекува жестока борба за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести