29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Германски тенисер го предаде дуелот во моментот кога противникот доби три меч-топки (Видео)

Вистински скандал се случи на АТП Челинџер турнирот во Вако, САД. Тенисерот од Хонг Конг, Ванг Чак Лам Колман со 2:1 во сетови го победи 22-годишниот германски тенисер Хенри Сквајер.

Првиот сет убедливо го доби германскиот тенисер со 6:1, но потоа се случи пресврт. Во вториот сет се играше тај-брејк, кој го доби Колман. Во решавачкиот трет сет, тенисерот од Хонг Конг имаше предност од 5:4 во гејмови и 40:0 во поени на негов сервис.

Во моментот кога се избори за три меч-топки, противникот едноставно се тргна од теренот и седна на столчето, предавајќи го мечот. Ова е една од најнеџентлменските ситуации во историјата на тенисот.

https://twitter.com/i/status/1630302608958078976

- Оглас -

Најнови вести