Рајн Некар Левен побара одложување на мечот против Еурофарм Пелистер што требаше да се игра на 23. февруари во Битола и доби зелено светлот од ЕХФ, а сзе согласија и од таборот на нашиот претставник во Европа Лигата.
Рајн Некар се соочи со строгите мерки на германската Влада и нема да може да допатува во Македонија и потоа експресно да се врати во својата земја без задолжителниот карантин, па мечот е пролонгиран, а ЕХФ треба да одреди нов датум за дуелот од 9. коло во Д групата.
Рајн Некар е лидер по осум одиграни кола со 7 победи и едно реми, а Еурофарм Пелистер е веднаш зад нив со 4 победи, едно реми и три порази.
Евентуална победа на Битолчани во дуелот што ќе се игра во нов датум би значел и чекор поблиску до пласманот во следната фаза во премиерното издание на Европа Лигата на ЕХФ.