Искусниот дефанзивец Марио Ермосо ќе се пресели од тимот на Рома во германскиот првка Баер Леверкузен. И тренерот на Римската волчица, Клаудио Раниери, потврди дека Ермосо ќе си замине од „Олимпико“ и дека калчолигашот веќе бара алтернативна замена. Ермосо не беше во составот на Рома на вчерашниот дуел против Удинезе.
За Еморо се интересираа екипите на Фенербахче, Борусија Дортмунд и Олимпик Марсеј, но клучен фактор за да го одбере Баер Леверкузен е фактот дека на клупата на Фармацевтите е Чаби Алонсо.
Сега е потребно само Рома и Баер да ја дозволат висината на обештетувањето. Овој искусен дефанзивец во Рома не доби доболно шанса да се докаже, па токму тоа е причина за неговото заминување од италијанскиот тим.
Пред да дојде во Рома, Ермосо пет години со успех настапуваше за Атлетико Мадрид, кога благодарение на добрите игри заслужи да има и пет настапи за шпанската репрезентација.
По 19 кола во Бундеслигата, Баер Леверкузен прими 26 гола, дури 16 повеќе од лидерот Баерн Минхен.