Германскиот репрезентативец со кае што го прашал Роналдо да ги разменат дресовите

Фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс, откри дека на еден меч против Јувентус го доживеал најголемиот фудбалски срам. Пред две години, по мечот од Купот на Италија, Госенс тргнал кон Кристијано Роналдо и го прашал Португалецот дали ќе сака да си ги заменат дресовите. Одговорот на Роналдо бил нешто што играчот на Аталанта не го очекувал.

„По мечот со Јувентус, сакав да си го исполнам сонот да имам дрес од Кристијано Роналдо. Победивме, а јас не ни отидов со соиграчите да славам, туку тргнав кон Роналдо и веднаш го прашав: „Кристијано, може ли да ги замениме дресовите?“ Роналдо воопшто не ме ни погледна, само отсечно ми рече „не“. Бев целосно посрамен. Знаете, она чувство кога ќе ви се случи нешто неубаво и само гледате дали некој од страна го забележал тоа? Токму тоа беше моето чувство. Бев посрамен и само мислев дали некој го виде тоа. Се обидов да се скријам“, открива Госенс за непријатната епизода што ја имал со Роналдо.

На 18 април играат Аталанта и Јувентус во Бергамо, а овие два тима ќе се сретнат и во финалето на Купот на Италија, на 19 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести