Германскиот репрезентативец воодушевен од Меси: „Дојде од одмор, облече копачки и тогаш…“

Репрезентативецот на Германија, Јулијан Дракслер, настапува за ПСЖ од 2017 година, со исклучок на минатата, која ја мина на позајмица во Бенфика. Во периодот од 2021 до 2023 беше клупски колега со најдобриот на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси, а во еден поткаст ја опишува првата средба со него.

„Кога Меси дојде на тренинг… Во ПСЖ секогаш имавме екипа која играше убав фудбал. Ја чувавме топката во средина пет на два во круг со Ди Марија, Мбапе и Дани Алвес, мислиш дека не постои повисоко ниво. Тогаш го донесоа Меси од Барселона, кој претходно беше на одмор осум недели. Веројатно првпат облече копачки и тогаш половина час беше во кругот без да згреши“, воодушевен е Дракслер.

 

- Оглас -

Најнови вести