Напаѓачот Кај Хаверц е засилување на Арсенал за следната сезона. Германскиот репрезентативец кај Топчиите доаѓа за трансфер од 65 милиони евра, и тоа директно од градскиот ривал Челзи.
Хаверц беше дел од играчите кои беа на листата за „чистка“ од Челзи, клубот кој имаше очајна сезона и заврши во долниот дел од табелата во Премиер лигата. Каверц важи за еден од најталентираните фудбалери кој кариерата ја започна во Баер Леверкузен, а во Челзи дојде како големо засилување.
Сепак, челниците на Сините од Лондон не беа премногу задоволни од Хаверц и решија да го продадат и добро да заработат.