Германскиот селектор ги налути навивачите

Германскиот фудбалски селектор Ханси Флик ги разочара, но и ги налути фановите откако одлучи дека фудбалерите треба да бидат дистанцирани од навивачите. Според реномираниот весник „Билд“, фудбалерите не смееле да им пријдат на навивачите, кои биле собрани во голем број и чекале да се поздрават и да се фотографираат со своите миленици.

Единствено Антонио Рудигер решил да ги поздрави навивачите, додека сите останати играчи влегле веднаш во хотелот. И таму Флик имал посебно барање. Прозорите од хотелскиот ресторан биле прекриени за да не може да се гледаат фудбалерите додека јадат во ресторанот.

Флик сличните методи ги користел и додека беше на чело на Баерн Минхен, па нема ништо изненадувачки во овој потег.

Германија на 8 октомври во Хамбург ќе биде домаќин на Романија, а три дена подоцна, односно на 11 октомври Панцерите во Скопје ќе играат против Македонија. Овие два меча се во квалификациите за Светското првенство во Катар, кое ќе се игра следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести