Германскиот селектор ја пофали Македонија: Тие се ракометна нација, не смее да бидат потценети

Селекторот на германската ракометна репрезентација, Алфред Гисласон, по ждрепката за групите за Европското првенство во јануари 2024 рече дека можеле да добијат и полесна група, предупредувајќи дека нема лесни противници.

„Добивме интересна група, од спортски аспект, можеше да биде и полесно. Одвај го чекаме првиот меч на полн стадион против Швајцарија. Беше јасно дека ќе ја добиеме Франција или Шпанија во групата како најсилен ривал, а треба да бидеме будни и против Македонија. Тие се ракометна нација, имаат добри играчи кои ја подмладија селекцијата во последните години. Имаат талент, добри се и офанзивно и дефанзивно“, изјави Гисласон.

- Оглас -

Најнови вести