21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Германскиот талент постави рекорд за изнудени пенали на еден меч во ЛШ

Карим Адејеми стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој изнудил дури три пенали во еден натпревар, а тоа го стори само за едно полувреме во дуелот меѓу Севилја и Салцбург.

Доколку до крајот на групната фаза изнуди барем уште еден пенал, 19-годишниот германски репрезентативец ќе го израмни рекордот на Арјен Робен од сезоната 2013/14, кога Холанѓанецот изнуди вкупно четири најстроги казни во корист на Баерн Минхен.

Инаку австрискиот првак искористи само еден пенал од вкупно три, а имаше уште еден на другата страна, кој Ракитиќ го претвори во гол за реми од 1-1 на „Рамон Санчес Писхуан“. Инаку Севилја е првиот тим во историјата на ЛШ против кој се досудиле три пенали во еден меч, а да не загуби во него.

- Оглас -

Најнови вести