„Германскиот“ термин ја отвора новата рунда од Спортска прогноза а типувањата се изненадувачки

Новото, 17-то коло од Спортска прогноза стартува утре од стадарниот термин за Будеслигата, 15:30 часот.

Натпреварот меѓу Фрајбург и Хофенхајм ќе биде првиот од 13-те средби со кои што ќе почне „ловот“ на прекраскиот Ајфон 12.

Минатото коло никој не веруваше во Фрајбург и тој ја победи Борусија Менхенгладбах со 6:0, а овојпат дури 73% од типувачите сметаат дека ќе слават на домашен терен.

Веднаш потоа (16:15 часот) се игра и средбата меѓу Алавес и Хетафе, а израмнет е изборот меѓу кец и нерешено.

Во домаќините веруваат 45.61% од играчите, додека, пак, за нерешено е 43.27%.

Најинтересниот меч од утрешната програма исто така се игра во Ла Лига а ќе се сретнат екипите на Атлетик Билбао и Севиља.

Најмогубројни се тие што сметаат дека ќе нема победник на оваа средба (44.16%), а по нив следуваат „навивачите“ на гостите со 37.63%.

Интересно е што само 18.21 одсто веруваат дека Билбао може да ги освои сите три бода.

Покрај „ајфонот 12“ кој е премија за 13 погодоци, Sport Life го наградува и оние прогнозери со една и две утки. За 12-ка има ваучери од 1.000, а за 11 погодоци од ваучер од 500 денари.

На крајот од сезоната шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди и за сите пласирани во Топ-5.

- Оглас -

Најнови вести