Некогашниот германски гигант Шалке 04, а сега член во втората германска лига, реши да се пошегува со англискиот гигант Арсенал. Тимот од Гелзенкирхен фати сеир за кореогрфијата која навивачите на Арсенал ја направија пред почетокот на мечот против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лига на шампиони.
Фановите на Арсенал извадија едно големо знаме, што секако делува смешно кога се работи за меч од таков карактер. За оваа кореографија, навивачите на Арсенал потрошиле 15.000 евра. кореографијата требало да биде во стил популарната серија “La casa de papel”, во чест на нивниот тренер Микел Артета. Од Арсенал, во последен момент решија да ја забранат кореографијата наводно поради авторски права, па на крајот, целата кореографија делуваше многу сиромашно.
Од друга страна, екипата на Шалке 04 има одлични навивачи, а на последниот меч направија фантастична кореографија, а потоа решија да се исмеваат со кореографијата на Арсенал. Пораката од Шалке беше јасна „Втора германска лига, наспроти меч од полуфинале во Лига на шампиони“.