Германските волци беа скротени по само 50 секунди игра (Видео)

Аугсбург го декласира Волфсбург со 3:0 и значително дси ги подобри шансите за опстанок во Бундеслигата.

Популарните Волци беа скротени по само 50 секунди игра по одличнат акција на домаќините што со гол во првата минута ја круниса Бразилецот Јаго.

Тоа е еден од најбрзите голови во Бундеслигата, а можете да го погледнете ОВДЕ.

Домаќините продолжија во исти темпо и Нидерлехнер и Педерсен со уште два гола ја запечатија победата што може да знаќи и опстанок во Бундеслигата за Аугсбург.

Баварците имаат 29 бода, три повеќе од Херта и Арминија, а Гројтер веќе е испаднат на последното место со 16 бода.

Волфсбург е една позиција над Аугсбург, на 13-то место со 31 бод.

 

- Оглас -

Најнови вести