Германското и римското дерби се во фокусот, типувачите веќе ги имаат своите фаворити

Само пред 24 часа беше отворено типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, а типувачите веќе ги имаат своите фаворити за претстојниот викенд.

На германското дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, дури 78% од играчите очекуваат победа на Баварците, додека за римското дерби помеѓу Лацио и Рома мислењата се поделени. Дури 53% од оние коишто досега имаат пополнето Спортска прогноза очекуваат реми на „Олимпико“ во Рим, 29% веруваат во победа на Рома, а 18% очекуваат победа на Лацио.

Од останатите натпревари, најголемиот процент за победа го има екипата на Лил, од која 76% очекуваат победа на гостински терен против Тулуз.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести