Германците бесни на Турците затоа што решија да патуваат со авион за само 130 километри

Турција со победата од 2:1 против Чешка во последното коло од групната фаза, си обезбеди место во нокаут фазата на ЕП. Турските фанови беа среќни затоа што ќе продолжат да ја бодрат својата репрезентација, но домаќинот Германција се налути поради еден бесмислен потег.

Кампот на Турците е во Хановер, а мечот против Чешка се играше во Хамбург. Овие два града се одалечени само 132 километри, а Турците решија да патуваат со авион. Според организаторот, Турците едноставно се однесуваат неодговорно и нееколошки, затоа што реалцијата од само 132 километри брзо се поминува со воз или автобус, но тие се решиле да патуваат со најмалку еколошкото превозно средство.

„Целосно бесмислено и непотребно“, коментираше Вернер Рех од германската федерација за заштита на природата и околината.

Европското првенство во Германија е најеколошкото големо натпреварување кое досега е организирано. Интересно е дека во Хамбург не е дозволено до стадион да се вози ниту со електрично возило, туку може да се пристигне само со јавен превоз.

„Речиси сите селекции кои се дел од ЕП патуваат со автобус или со воз. Репрезентациите имаат базни кампови во близина на стадионите на кои играат и така се бориме да се намали емисијата на штетни гасови“, вели шефот на ЕП, Мартин Кален.

- Оглас -

Најнови вести