Поголем дел од Германците немаат намера да ги следат натпреварите на својата репрезентација за време на Светското првенство и тоа само поради тоа што Катар е домаќин на најголемиот фудбалски настан, покажуваат истражувањата направени во оваа земја.
Според истражувањето направено преку мобилната апликација „ФанКју“, повеќе од половина Германци нема да гледаат ниту еден натпревар од Светското првенство, а само еден од 10 има намера да следи поголем дел од средбите.
https://twitter.com/i/status/1592485080349708288
Исто така, мал е бројот на Германци што планираат да ги гледаат натпреварите само на својата репрезентација, тој процент изнесува само 17 отсто.
Иако Германија е еден од фаворитите од сенка за триумф на Мундијалот, 85 отсто од испитаниците се изјасниле дека се помалку еуфорични отколку на претходните првенства, а само околу два отсто го кажале спротивното.
Мнозинството Германци се незадоволни од одлуката на ФИФА да ѝ ја додели органзацијата на СП на Катар, земја која се обвинува за кршење на човековите права. Исто така, на многумина им пречи тоа што за првпат Мундијалот нема да се игра налето.
Исто така, само три отсто од испитаниците изјавиле дека имаат намера да купат телевизор за да ги следат натпреварите во Катар.