5.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Германците го обвинија Нојер за поразот на Баерн, а тој вели: Имаше фаул над мене!

Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, од германските медиум беше посочен како главен виновник за поразот од 1-3 против Арсенал. Голманот ја презеде одговорноста за третиот гол, но инсистираше дека бил жртва на прекршок при првиот.

„Очигледно Тимбер ме турна, тоа е јасно. Бев во поинаква позиција од онаа што ја сакав и не можев правилно да интервенирам. Можеби требаше да паднам, но не сум еден од оние голмани што се фрлаат на земја. Не му се пожалив на судијата“, се бранеше Нојер.

Легендата Петер Шмајхел го бранеше голманот.

„Нојер беше турнат пред центаршутот, па задоцни и ја промаши топката“, изјави Шмајхел додавајќи дека ситуацијата требало да биде разгледана од ВАР.

При третиот гол, Нојер ја призна грешката.

„Понекогаш мора да ризикуваш и јас го направив тоа“, рече Нојер за голот на Габриел Мартинели.

Нојер истрча далеку надвор од 16-никот за да пресече едно додавање, но Мартинели беше побрз и ја затресе празната мрежа. 

Such a classic Gabi goal. Play it again and again and again 😍
byu/studioghost14 inGunners

- Оглас -

Најнови вести