24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Германците го одложија состанокот, што значи тоа?

Германската фудбалска асоцијација денес го одложи состанокот со клубовите од Бундеслигата и Цвајта кој беше закажан за претстојниот петок. За судбината на двете лиги ќе се одлучува на 23 април, една недела пред поставениот рок за суспендираната сезона.

Германците ја прекинаа сезоната и одлучија до 30 април да не играат фудбал со оглед на ситуацијата со корона-вирусот, а одложувањето на состанокот е да им се даде повеќе време на клубовите да се подготват за него и што подетално да ги разгледаат сите опции.

Напоредно, германската Влада утре ќе дискутира за олеснување на рестрикциите, а конечната одлука ќе биде од голема важност за фудбалските шампионати. Откажување на сезоната не е опција за ниту еден клуб бидејќи 36-те екипи од првата и втората лига може да претпат загуба до 750 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести