Германците не сакаат нов проблем со ковид-19 – Финиш на Бундеслигата со строг карантин

Германците стравуваат од нов бран на корона-вирус и заради превентива имаат нови мерки за фудбалерите што настапуваат во Бундеслигата.

Сите играчи на 18-те прволигаши ќе мора да ги почитуваат заострените мерки на движење и ќе можат да бидат само дома и во клупските објекти до 12 мај.

Потоа во следните 10 дена до финишот на сезоната во Бундеслигата ќе бидат само во тренинг-центрите на клубовите за да се избегне ширење на ковид-19.

Ова доаѓа по случајот со Херта Берлин, екипа која не играше во последните две кола, а и е одложени и следниот меч против Шалке поради двајцата заразени играчи Лукебакио и Платенхарт, како и тренерот Пал Дардаи и неговиот асистент Адмир Хамзагиќ.

Сезоната во Бундеслигата треба да заврши и официјално со бараж двомеч за опстанок, односно за билет за прволигашкото друштво што ќе го играат 16-пласираниот тим од Првата лига и третопласираната екипа во Втората лига.

Германија ќе игра на Европското првенство што ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести