Германците имаат трпение, Ханси Флик останува селектор!

Ханс Дитер Флик останува селектор на Германија. Вака одлучи фудбалската федерација на Германија (ДФБ), со што ги прекина шпекулациите дека тимот ќе добие нов селектор.

Под водство на Флик, Германија не ја мина ни групната фаза на СП, но после две и пол часовен состанок, ДФБ реши да го остави Флик на клупата.

Германија за една и пол година од сега е домаќин на Европското првенство, и веруваат дека може да направат успех со Флик како селектор.

- Оглас -

Најнови вести