Најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид започна со тренинзи, а капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, даде охрабрување дека фудбалот треба да продолжи. Според Рамос, Германија е вистински пример кој треба да го следат останатите земји затоа што фудбалот е економски двигател во земјите.
Според Рамос, сите останати земји се во предност затоа што ќе може да видат како ќе се одвива фудбалот во време на корона-вирусот во Германија, а потоа останатите само да го следат тој пример.
„Германија ќе го определи темпото, а потоа ние ќе треба да го следиме“, рече Рамос, кој на тренингот се појави во нов имиџ.
Освен капитенот на Реал Мадрид, со желба за продолжување е и најголемиот ривал на мадриѓаните, Барселона.
⚽💪 Nous sommes de retour au travail à #RMCity!#HalaMadrid pic.twitter.com/prwDqBqKTv
— Real Madrid C.F. 🇫🇷 (@realmadridfra) May 11, 2020