Германците му спуштаат капа на Халанд, хет-трик на дебито, сам го победи Аугзбург

Ерлинг Халанд ја воодушеви цела Европа со бројот на голови во Лигата на шампионите, а денеска имаше деби од соништата и во германската Бундеслига. Тој со хет-трик и помогна на Борусија Дортмунд да направи пресврт на гостувањето кај Аугзбург. Домашните на пауза водеа со 1-0, но Борусија славеше со 5-3, благодарение на Норвежанецот кој дојде зимава од Салцбург.

Само 183 секунди по влегувањето во игра, Халанд го даде својот дебитантски гол во Германија. Борусија со новите три бода, се изедначи по бројот на бодови со четвртиот Баерн Минхен, со кого имаат дадено и ист број на голови, но баварците имаат еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести