Германците не се како ФФМ, селекторот Флик доби ултиматум

Селекторот на германската репрезентација Ханси Флик, доби ултиматум од челниците на Федерацијата по серијата слаби резултати, пишува „Билд“.

Германија на последните четири натпревари забележа три порази од Белгија (2:3), Полска (0:1) и Колумбија (0:2), а ремизираше со Украина (3:3) и овие резултати не се тие што ги очекуваа и челниците на Федерацијата и навивачите.

Поради тоа, челниците на фудбалската федерација на Германија му поставија ултиматум на Флик, да победи на следните два пријателски натпревари, против Франција и Јапонија во септември доколку сака да остане на селектор и да ја води репрезентацијата на ЕП 2024.

За разлика од челниците на ДФБ кои реагираат, ФФМ молчи по дебаклот и најголемиот пораз во историјата, тој од Англија од 7:0 во понеделникот.

- Оглас -

Најнови вести