Германците не застануваат: Со натпреварување продолжува и кошаркарската Бундеслига

Германците најдоа решение и ја продолжија фудбалската сезона во Бундеслигата, која со натпреварување започна изминатиот викенд, а на ред е и кошаркарското првенство да продолжи со сезоната. Од вчера е потврдено дека и кошаркарската Бундеслига во јуни ќе тргне со натпревари во изменет формат.

Баварските власти одобрија во Минхен да се игра завршен турнир во кој ќе учествуваат 10 екипи поделени во две групи. Во четвртфиналето ќе учествуваат првите четири екипи од двете групи, а серијата во плејофот ќе се игра на две победи. Во групната фаза секоја од екипите меѓусебно ќе одигра по еден дуел.

Сезоната во ББЛ се прекина на 8 март поради пандемијата со корона-вирусот, исто како и многу други спортски првенства.

- Оглас -

Најнови вести