Германците никогаш не биле во ваква ситуација на ЕП

Фудбалската репрезентација на Германија по 13-ти пат учествува на Европско првенство, а бројот 13 им се покажа како малерозен, бидејќи во 13-тиот обид, првпат загубија меч од прво коло на едно ЕП. Досега Германците во првите кола имаа седум победи и пет нерешени. Но, ова не е првпат да загубат во прво коло на големо натпреварување, истото им се случи и пред три години на Мундијалот во Русија.

Вечерва избраниците на Јоаким Лев имаа несреќа да играат против главниот кандидат за титулата, тим кој дома не го победиле 34 години, противник против кој имаат низа од шест меча без победа, не им помогна ниту тоа што игра на свој терен во Минхен.

Германија за 90 минути, имаше само еден шут во рамките на голот на Франција. Ниту светскиот првак не упати повеќе шутеви, дури и голот за Франција го даде Германец, но Триколорите имаа и една статива и им беа поништени два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести