Германците го промовираа Лајпциг во четвртфиналист – УЕФА денеска ќе го исфрли Спартак Москва од Лигата на Европа?

Германскиот „Билд“ објави информација дека Лајпциг веќе е четвртфиналист во Лигата на Европа, а се очекува само потврда од УЕФА, која денеска ќе го исфрли Спартак Москва од второто по ранг клупско натпреварување во Европа.

Според „Билд“, нема да се игра осминафиналниот двомеч закажан за 10 и 17 март меѓу Лајпциг и Спартак, а причината се знае, руската инвазија во Украина.

Ваквата најава ја потврди и првиот човек на германскиот клуб, Оливер Минцлаф.

„Во постојана комуникација сме со УЕФА и имаме потполна доверба. Очекуваме двомечот да биде откажан и Лајпциг да оди понатаму“, изјави Минцлаф.

Ако УЕФА донесе одлука каква што најави „Билд“, тогаш Лајпциг автоматски ќе биде четвртфиналист во ЛЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести