Германија како организатор на Европското првенство од сè знае да направи бизнис. Така беше и на тренинзите на репрезентациите учеснички. На еден од тренинзите на Србија во Аугсбург присуствуваа 2.500 гледачи и иако беше планирано да се наплаќа влезница, сепак домаќинот се откажа од таа идеја, но затоа пак храната и пијалоците се трошеа брзо.
Пивото чинеше 4,50 евра, додека водата беше половина евро помалку. Цената на скарата се движеше помеѓу 4,50 и 5 евра, а вработените имаа полни раце работа да ги услужат навивачите.