Бундеслигата ќе продолжи на 15 мај е одлуката што утре треба да ја соопшти канцеларката Ангела Меркел, а ја донесе Владата на Германија.
За „Ројтерс“ веста ја потврдиле две лица кои се тесно поврзани со подготовките за камбек на фудбалската игра на германските терени.
Бундеслигата ќе биде првото од Топ-5 европски првенства што ќе ја продолжи сезоната 2019/20 во услови на пандемија со корона-вирус.
Одлуката е веќе донесена и нема да ја спречи ниту фактот дека прволигашот Келн имаше тројца заразени на неодамнешното тестирање за ковид-19, од кои двајца се фудбалери.
Вкупно во првиот бран тестови за корона-вирус кои се спроведени во сите клубови во екот на почетокот на тренинзите на отворено има 10 случаи со позитивни тестови, но голем дел од нив се асимптоматични.