Бундеслигата е последна од топ 5 лигите која донесе одлука да се прекине првенството поради коронавирусот. Иако беше најавено дека суспензијата ќе започне од вторник, односно дека дуелите од 26-тото коло ќе се одиграат овој викенд, сепак одлуката се смени и нема да има фудбал во следните два дена.
Во понеделник ќе се донесе конечната одлука за шампионат да биде запрен до 2 април, откако ќе се состанат претставниците на клубовите заедно со одговорните на шампионатот. Воедно се прекинува и Цвајте лигата.
Како што е веќе познато откажани се Премиер лигата, Ла Лига, Лига 1 и Серија А до почетокот на април, истото важи и за европските натпреварувања. Поточно кажано, спортот во Европа, а и остатокот од светот привремено запре откако се прогласи пандемија на коронавирусот.