12.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Германците преживеаја против Дончиќ и другарите за полуфинале на ЕП

Германија ќе игра против Финска во полуфиналето на Евробаскетот откако вечерва во Рига во последното четвртфинале ја победи Словенија со 99-91.

Словенците тргнаа феноменално и првата четвртина ја добија со 11 поени разлика, но проблем беа личните грешки на Лука Дончиќ, кој мораше да се чува во второто полувреме, а данокот беше платен во последната четвртина во која Германците беа многу подобри со 29-17.

Дончиќ имаше 39 поени, 10 скока и 7 асистенции, а кај непоразената Германија двете НБА-ѕвезди, Франц Вагнер и Денис Шредер, постигнаа 23 односно 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести