Фудбалската федерација на Германија вчера му врачи отказ на Ханси Флик од селекторската функција и како негов наследник на клупата на националниот тим сака да го види актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.
Луѓето во Федерацијата сметаат дека Клоп е вистинскиот човек за селекторското столче, но проблем претставува договорот на Германецот со Ливерпул, кој е до 2026 година.
Самиот Клоп летово изјави дека би сакал еден ден да биде селектор.
„Тоа би било голема чест за мене, но една работа ми стои на патот. Тоа е лојалноста, имам одговорност кон Ливерпул“, изјави летово Клоп.
Доколку не успеат да се договорат со Клоп и Ливерпул, луѓето од Федерацијата ќе седнат на маса со актуелниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер. На листата на желби се наоѓаат уште и актуелниот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел и селекторот на Австрија, Ралф Рангник.