Навивачи на ракометната репрезентација на Македонија кои ги следат нашите ракометари на сите големи натпреварувања се резигнирани од однесувањето на организаторот на Европското првенство и велат дека вакво нешто не доживеале на ниту едно натпреварување претходно.
Обезбедувањето на влезот од „Мерцедес бенц арената“ не само што на вратата ги одземало навивачките реквизити со 16-кракото сонце од Кутлеш, туку ги натерало и да ги демонтираат тапаните за да бидат направени проверки за бомби. Велат дека вакви контроли немало ниту во Дизелдорф, ниту на кое било место претходно каде што биле. Откако одбиле да го сторат тоа, побарале од обезбедувањето да го повикаат супервизорот, кој одлуката ја објаснил со „тоа е наредба од ЕХФ“. Од водичите на македонските навивачи било побарано да ја видат таквата одлука на ЕХФ, а супервизорот им ветил дека ќе им ја испрати на електронска пошта. Мејлот сè уште патува…
Навистина скандалозно однесување на обезбедувањето и организаторот, кој македонските навивачи ги третира како терористи иако важат за најмирољубивата публика која нема ниту една црна дамка на кое било големо натпреварување на кое ја има бодрено Македонија.