Германците се жалат, дуелот со Македонија ќе се преигра !!!

Македонската фудбалска репрезентација со 2:1 ја победи Германија и тоа сред Дуисбург, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Капитенот Горан Пандев погоди за 1:0, а откако Германија израмни од пенал преку Гундоган, во 86 минута, нова радост на Македонија донесе дијамантот Елиф Елмас за водство и конечна победа од 2:1.

Германските медиуми коментираат дека ова е голема срамота за нив и сигурно дека би сакале уште одма мечот да се преигра за да покажат дека може да победат, но такво нешто нема да се случи.

А насловот е само една првоаприлска шега во чест на денот на шегата. Тоа што не е шега е дека Македонија го победи четирикратниот светски и трикратен европски првак Германија.

Браво момци, Македонија е горда на вас!!!

- Оглас -

Најнови вести