Кулминацијата на сезоната во ракометната Лига на шампиони е викендов во келн. Најдобрите четири екипи ќе играат на фајнл-фор завршницата која традиционално се игра во Келн.
Две германски екипи и по еден тим од Франција и Шпанија, мечтаат за трофејот. Во првото полуфинале ќе се сретнат Фуксе Берлин и Нант, а фаворитската улога ја има тимот од главниот гран на Германија.
Во изминативе три сезони, Фуксе Берлин и Нант играа четири пати во официјални средби и еднаш на пријателска. Нант има две победи, Фуксе се радувал еднаш, а интересно е дека два пати било и нерешено, што само најавува дека може да има неизвесен дуел до самиот крај.
Во второто полуфинале, Барселона ќе ја има улогата на домаќин против Магдебург. Одлично се познаваат овие ривали, кои одиграле седум меѓусебни меча во последните четири години. Магдебург има три победи, Барселона се радувала два пати, а два пати било нерешено.
Во Sport Life има и одлична понуда за „плус-минус“ за голови на ракометарите кои треба да бидат главни протагонисти на овој фајнл-фор турнир во Келн.