Германците стартуваа на ЕВРО 2024 со убедлив триумф против Шкотска

Фудбалската репрезентација на Германија оствари сигурен триумф (5-1) на стартот на Европското првенство. Селекцијата на Џулијан Нагелсман имаше тотална доминација против Шкотска и најави дека може далеку да оди на шампионатот што се одржува во нивната земја.

Флоријан Вирц уште во десеттата минута донесе водство за Германија, а девет минути подоцна Џамал Мусијала зголеми на 2-0.

Третиот гол беше дело на Каи Хаверц од пенал во 45.минута, откако Портеус грубо стартуваше над Илкај Гундоган. Клемен Турпан по асистенција од ВАР собата му додели црвен картон и покажа на белата точка.

Во второто полувреме, Никлас Фулкруг постигна и четврти гол за Германците.

Во 87.минута, почесен гол за Шкотска, а всушност беше автогол на Антонио Рудигер.

За крај, Емре Џан ја заокружи одличната вечер за Германија со петти погодок во 93.минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести