35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Германците тврдат дека Клоп летово може да се пресели во Минхен

Јирген Клоп по завршување на сезоната ќе го напушти Ливерпул и нема да биде изненадување доколку од следната сезона седи на клупата на Баерн Минхен, пишуваат германските медиуми.

„Клоп и Баерн – еве како тоа би можело да успее“, е насловот на текстот во реномираниот магазин „Билд“.

Управата на Баерн Минхен веќе неколку недели е во интензивна потрага по нов тренер откако се договори со Томас Тухел поради слабите резултати, тој да си замине на крајот од сезоната. Во изминатиот период се шпекулираше со имиња како Жозе Мурињо, Зинедин Зидан, Чаби Алонсо, Роберто де Ѕерби, Унаи Емери, а сега „Билд“ пишува дека реална е опцијата Клоп да седне на клупата на германскиот гигант.

Според „Билд“, спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, навива за оваа опција, а дополнителен адут во текстот на магазинот за оваа идеја е и изјавата на Клоп дека нема шанси да тренира ниту еден друг клуб од Премиер лигата освен Ливерпул, но такво нешто не споменувал за екипи од Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести