Македонската и француската репрезентација се чувствуваат како дома на ортворањето на ракометното ЕП, не затоа што имаат премногу навивачи (Македонија има многукратно повеќе навивачи од Франција и гласни се, но бројката е премала во однос на Германците кои се на трибините), туку дека германската публика ги наградува добрите потези и голови на двата тима.
Македонија ќе даде гол, Германците скокаат и аплаудираат, а и Франција кога ќе го направи истото, пак се радуваат. Едноставно домаќините на ЕП му се радуваат на ракометот.
Убава е и паролата која ја упатија: „Тука сме за да славиме, тука сме за да сонуваме“.
