Германскиот фудбалски талент Аријон Ибрахимовиќ кој игра за Хајденхајм како позајмен од Баерн Минхен, одлучил да игра за сениорската репрезентација на Косово и веќе е во преговори за тоа да стане и официјално.
Ибрахимовиќ (не е роднина со Златан Ибрахимовиќ) играше за младинските селекции на Германија, но уште нема настап за А тимот, и веројатно не му чека уште долго, а во Косово го чекаат со раширени раце. Неговите родители се од Призрен на Косово, па иако е роден во Германија, без проблем може да добие косовско државјанство.

