22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Германците во Скопје дефинитивно доаѓаат без Нојер, дополнително го повикаа Хојер

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, нема да брани на гостувањето на Германија кај Македонија в понеделник вечер на „Тодор Проески“, а селекторот Ханси Флик, на тренинг дополнително го повика Даниел Хојер Фернандес, чуварот на мрежата на второлигашот Хамбургер.

Марк Андре Тер Штеген кој бранеше против Романија, доби одмор и не тренираше денеска, но тој е фаворит да го почне мечот со Македонија на голот на Панцерите, пред Бернд Лено од Арсенал.

Нојер тренира индивидуално и поради повреда не се појави на мечот со Романија, а сега дефинитивно отпадна и за Македонија, што е добра вест за Рисовите, иако и другите германски голмани се одлични.

- Оглас -

Најнови вести