24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Германците всушност се против продолжување на Бундеслигата

Уште помалку од 24 часа има до рестартот во германската Бундеслига, а последната анкета направена меѓу граѓаните донесе по малку неочекувани резултати. Од анкетираните граѓани, дури 56 отсто биле согласни дека фудбалското првенство во Германија не требало да продолжи во овој момент.

Помалку од една третина, односно 31 отсто од анкетираните ја поддржале одлуката да се вратат фудбалските возбудувања, додека 12 отсто се изјасниле дека воопшто не ги интересира фудбалот, а само еден процент од анкетираните одбиле да дадат одговор.

Бундеслигата ќе продолжи утре во 15:30 часот за кога се закажани пет меча, меѓу кои и рурското дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04.

 

- Оглас -

Најнови вести