Неверојатна грозница за билети имало за НФЛ мечот во ноември што ќе го играат Тампа Беј бјукенерс и Сиетл сихокс во Минхен, а сите влезници и тоа над 75 илјади се продадени за само 55 минути.
Објавено е дека вкупно имало неверојатни 3 милиони барања за билети за мечот што ќе се одигра на „Алијанц арена“ на 13. номеври.
„Ова е неверојатно. Во секоја секунда онлајн побарувања имаше од најмалку 80 илјади луѓе. Ги продадовме билетите за 55 минути, а можебме да наполниме уште 40 стадиони. Ваква лудница и интерес на нашата платформа не сме доживеале“, изјави Брет Госпер, еден од челниците на НФЛ за Европа и Велика Британија, а се однесува на интересот за продажба на билетите на мрежата „Тикетмастер“.
Во Германија за првпат ќе се игра НФЛ меч, а се планира и понатаму да се организираат дуели од популарниот амрикански фудбал во оваа земја и тоа во Франкфурт.
„Во Германија интересот е огромен, бидејќи сега влегуваме на овој пазар. Од Баерн беа исклучително коректни и ни помогнаа да го организираме спектаклот на нивниот стадион. Во иднина ќе има НФЛ мечеви и во Франкфурт“, објави Госпер.
Во Велика Британија се играат мечеви на Вембли и на стадионот на Тотенхем, клуб со кој НФЛ има потпишано 10-годишен договор за соработка.