Репрезентацијата на Германија вечерва се враќа на терен и со дуел против Шпанија ќе ја отвори четвртфиналната фаза на Европското првенство. Сепак, во центарот на вниманието е фудбалерот од средниот ред, Роберт Андрих, кој беше стандарден на претходните натпревари, но овојпат поради својот нов стајлинг.
Фудбалерот на Баер Леверкузен пред натпреварот со Шпанија одлучи да ја обои својата коса во розова боја, иако во моментов не е позната причината за ваквиот потег.