Гест за почит: Зидан донираше ДВА милиони евра за жртвите од пожарите

Легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не е поради фудбалски причини. Популарниот Зизу реши да донира два милиони евра за санирање на штетите кои настанаа по големите пожари во Алжир.

Алжир е земја од каде што потекнуваат родителите на Зидан и некогашниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид, без многу двоумење реши да помогне на оние кои најмногу настрадаа.

Во пожарите во оваа африканска земја загинаа 65 луѓе.

 

- Оглас -

Најнови вести