Геце и Ширле влегуваат во необичен бизнис

Освен што беа соиграчи во дресот на германската репрезентација и во Борусија Дортмунд, Марио Геце и Андре Ширле решија да влезат во заеднички бизнис. Според извештаите од Грманија, Геце и Ширле одлучиле да инвестираат во компанијата „Санити“, која се занимава со произведство на легален канабис.

Портпаролот на компанијата потврди дека има преговори со двајцата фудбалери. Освен Геце и Ширле, исти планови има и Денис Аого, кој исто така краток период беше дел од репрезентацијата на Германија.

Според проценките, фудбалерите во новиот бизнис планираат да вложат околу 22 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести