Геце останува во ПСВ до 2024

Марио Геце го продолжи договорот со екипата на ПСВ и сега ќе остане најмалку до 2024 година. Некогашниот германски репрезентативец, стрелец на победоносниот гол за Германија на Светското првенство 2014 против Аргентина, „тонеше“ во својата кариера, но очигледно спасот го најде во некогашниот европски првак.

„Енергијата која го опкружува овој тим е прекрасна, раководството и тренерите се одлични и навистина ми се допаѓа тука“ изјави Геце на промоцијата на новиот договор.

Дека Марио „живее втор живот“, говори и фактот дека за тимот од Ајндховен одигра 35 натпревари, а има скор од 10 голови и исто толку асистенции. Како што е познато, тој дојде како слободен агент откако претходно ги бранеше боите на Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести