Кожув е вториот финалист на кошаркарскиот Куп на Македонија, откако го совлада Гостивар со убедливи 91-72. За екипата од Гевгелија ова ќе биде второ финале во историјата, откако во 2015 година загубија од Работнички во мечот за трофејот.
Гевгеличани после неизвесната прва четвртина, во втората веќе си го обезбедија пласманот во големото финале. Кожув го доби вториот период со 27-6, па на паузата замина со водство од 50-26, што беше недостижно за Гостивар.
Гостите се обидоа да се вратат резултатски во второто полувреме, ги добија и третата и четвртата четвртина, но тоа беше далеку од резултатски пресврт, па на крајот поразот сепак беше двоцифрен.
Гевгелија е домаќин на завршницата, па за големото финале против МЗТ Скопје се очекува вистински спектакл и полна сала. Кожув ќе атакува на првиот трофеј во клупската историја, додека МЗТ Скопје ќе се обиде да го одбрани пехарот кој го освојуваше последните две години, но и вкупно 12-пати во историјата.