Македонија го живее најтажниот ден во поновата историја. Денеска ќе бидат погребани жртвите од огромната трагедија во Кочани, а меѓу нив и фудбалерот Андреј Лазаров.
ГФК Тиквеш се збогува со својот поранешен фудбалер, истакнувајќи дека ќе го повлече дресот со број „16“ што го носеше Андреј Лазаров.
„Во чест и знак на благодарност за Андреј Лазаров, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број „16“ кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен. Ангелите живеат вечно. Збогум Андреј“, објави ГФК Тиквеш.